Скопје: Сообраќајка - повредени четири патници во автобус

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 10 сообраќајна незгода.

Од нив, шест се со последица материјална штета и четири се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, тројца сопатници и четворица патници во автобус.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 31 возач кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 15 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место. Осум возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол се исклучени од сообраќај, 12 возачи не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото, односно непрописно се престроиле пред крстосница. 

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 58 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци за не користење на безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото, односно непрописно се престроиле пред крстосница, како и возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во основните училишта „Васил Главинов“ и „Рајко Жинзифов“ кои се наоѓаат на територијата на општина Чаир со учениците од второ одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

 

 

Оцени ја веста

19.02.2015 - 10:34
Фото: 
Илустрација

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега