Откриено ново наоѓалиште на гас во Црното Море

Компанијата „Петром“, единствениот локален произведувач на нафта и гас во Романија и американскиот гигант „ЕксонМобил“ откриле ново наоѓалиште на гас во Црно Море, тврдат извори од пазарот, пишува денеска весникот „Зиарул финанчиар“. 

Двете компании соопштуваат дека се уште ги проучуваат податоците од сондата Пеликан, распоредена во делот „Нептун“ во Црното Море.

Додека цитираните извори го определуваат капацитетот на новото откритие на околу 20 милијарди кубни метри, „Петром“ и „ЕксонМобил“ ги негираат тие пресметки.

Во 2013 година вкупната потрошувачка на гас во Романија изнесува 12,5 милијарди кубни метри, пишува весникот. 

 

 

Оцени ја веста

19.02.2015 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега