Полицаецот морал да пука: Вистинска крими драма на југот на Македонија

Полициски службеник од Полициската станица „Струга“ утрово околу 00,30 часот додека вршел редовна работа по пријава од граѓанин за нарушен јавен ред и мир во село Костурино, струмичко, односно додека разговарал со Ж.К.(47) бил физички нападнат од Н.К.(21) и З.К.(19). По нападот, друг полициски службеник од службениот пиштол испукал предупредувачки истрел во воздух, заради заплашување, а напаѓачите продолжиле да се закануваат. Потоа Ж.К. и Н.К. со патничко возило „пасат“ се дале во бегство и на влезот на Гевгелија предизвикале сообраќајна незгода удирајќи во две службени возила на МВР. По преземени мерки лицата се приведени во СВР Струмица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

Оцени ја веста

19.02.2015 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега