Вечерва приведен разузнавачот Слободан Богоевски

Поранешниот разузнувач Слободан Богоевски вечерва е приведен од страна на полицијата на отслужување на затворска казна за случајот „Агент“. Врховниот суд до вторник требаше да реши по жалбата на Богоевски, но полицијата го приведе вечерва. 
 
Во судењето за „Агент“ кое траеше два месеца, шестемина обвинети се товареа дека преку фиктивни договори и фиктивни фирми ќерки на кипарски „Централ Балкан Инвестмент“ и словенечки „Меркатор“ переле пари. 
 
Тие го негираа обвинението и тврдеа дека со договорот за купопродажба на плацот со површина од 19.000 квадратни метри во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“, ја спасиле Македонија од тужба пред арбитражен суд бидејќи продала земјиште што било за денационализација. 
 
Обвинетите покрај казната затвор, треба да платат отштета околу 950.000 евра, средства кои, според пресудата, се смета дека се стекнати со дејство на кривичните дела злоупотреба на службената положба и перење пари.
 

 

Оцени ја веста

19.02.2015 - 21:46
Фото: 
Република

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега