Личи на марихуана и има исто дејство: Во продавница се продава леглано за 600 денари

Личи на марихуана но ова е всушност темјан. Оваа кесичка со ароматизираната билка е вистински хит меѓу младите корисници на дрога. Оние кои се поупатени знаат дека ваквите препарати со години се користат во САД, но на Балканот нивната популарност почнува да расте токму сега.
Во Македонија се уште е тешко да се најдат но во Србија ги има во многу продавници.
Оваа билка која се користи за освежување на воздухот изгледа идентично како и марихуаната, со тоа што има послаб мирис. Се користи исто како и марихуаната, односно се меша со тутун и се прави цигара.
Во продавниците во Србија чини околу 10 евра за кесичка. Репортерите на весникот Блиц без проблем си купиле една кесичка во блиската продавница. За тоа добиле и фискална сметка но и картонче за виткање филтри, меѓу корисниците на дрога познати како „фасови“.

Законот ја третира како ароматична билка за освежување на воздухот, но таа има ефекти како и на дрога. Корисниците велат дека чувството е исто како марихуаната со тоа што трае пократко и не може да се открие со стандардните тестови за дрога кои родителите ги купуваат во продавниците.
Денеска во Хрватска имаше и смртен случај. 15 годишно момче починало откако испушило една цигара.

 

 

Оцени ја веста

19.02.2015 - 22:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега