Локви крв на сите страни - татко си го нашол синот мртов на улица

Милислав Жечевиќ од селото Крива Река во Србија и Небојша Микавиќ, синоќа биле пронајдени мртви на пат по страотна сообраќајна несреќа. И двајцата со автомобилот влегле во спротивната лента и се забиле во шлепер кој одел во истата насока. Од силниот удар нивниот автомобил буквално е смачкан , а за жал и двајцата починале на лице место.

Крв на сите страни, амачкан автомобил, и две тела на патот, била ужасната слика која ја виделе останатите возачи, по што веднаш била повикана полиција и брза помош.

- Беа добри, предобри момчиња. Навистинаужасно, голема трагедија, велат оние кои ги познаваат за српскиот Курир.

Двајцата мажи работеле како келнери во една кафеана. За несреќата да биде поголема, таткото на Милислав ги чекал двете момчиња на патот и го видел неговиот син како умира.

 

 

Оцени ја веста

20.02.2015 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега