Целосно замрзна езеро во Босна

Исклучително ниските температури предизвикаа најголемото планинско езеро во Босна и Херцеговина, Блидињското езеро, кое се наоѓа во подножјето на Дуго поље на 1184 метри надморска височина, оваа зима целосно да замрзне.

Според агенцијата Анадолија, ледената покривка е со дебелина од 10 сантиметри. Езерото е долго 2,5 километри, широко 2,1 километар, а со вкупна површина од 6 километри квадратни. Езерото главно се полни со вода од топењето ан снеговите од околните планини Врана и Чврсница, а на лето голем дел од водата од езерото исчезнува во понорите.

 

 

Оцени ја веста

20.02.2015 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега