Полнете ги резервоарите на време: Не чека големо поскапување на горивата?

 

Цената на барел нафта порасна на 62 долари на меѓународните берзи поради немирите во Либија кои ја загрозуваат испораката од блискиот исток. На лондонската берза нафтата поскапи за 66 центи и се тргуваше по цена од 62 долари. На американскиот пазар, барел „брент“ се продаваше за 43 центи повисока цена за 53,21 долар.

Регулаторната комисија за енергетика, пред минатиот понеделник ја зголеми малопродажната цена на нафтените деривати за 3,5 односно 2,5 денари по литар. Тогаш просечната цена на суровата нафта на светските берзи изнесуваше 51.038 долари за барел. Сега, цената на лондонската берза врз основа на која се формираат малопродажните цени е за 11 долари по барел повисока или за повеќе од 20%. Тоа значи дека идниот понеделник можеме да очекуваме големо поскапување на бензините во Македонија. Проценките се дека цената и можела да оди нагоре за 4 до 5 денари по литар.

 

 

Оцени ја веста

20.02.2015 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега