ФОТО: Уапсен тетовец баран за убиства во обид

Четириесет годишниот Ш.А. од тетовското село Теарце вчера бил приведен од полицијата. По него биле распишани две централни потерници и една меѓународна.

Едната потерница е од Основен суд Скопје 1 поради основано сомнение дека сторил “убиство во обид” извршено на 14.08.1999 на булевар “Едвард Карделј” во Скопје кога со огнено оружје-пиштол се обидел да го лиши од живот Џ.Б. додека втората потерница е издадена од Основен суд Тетово за издржување на правосилна затворска казна во траење од осум години,  за извршено кривично дело “убиство во обид” сторено на 21.07.2009 година во селото Теарце кога се обидел да го лиши од живот И.И, соопштуваат од МВР.

 

 

Оцени ја веста

20.02.2015 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега