Владата на Јужна Кореа го забранува Viber

 

South Korea Telecom поднесе тужба против Viber, откако јужнокорејскиот суд пресуди дека Viber прекршила четири патенти во сопственост од најголемиот мобилен оператор во земјата, пишува ZDNet. Окружниот суд во Сеул пресуди уште дека мобилната апликација за испраќање пораки нема право да оперира на локалниот пазар.

Минатиот октомври SK Telecom поднесе тужба поради функција во Viber која ја реорганизира информацијата за контактите, запазена во смартфонот, со што ги крши авторските права на телекомот, кој има патент за неа од 2006 година.

“Забраната ќе биде изречена за платформите Android и Apple iOS. Случајот беше покренат, бидејќи Viber ги наруши нашите патентни права”, изјави портпаролот на SK Telecom. Според неговите зборови, операторот нема планови да започне слични постапки против други апликации за испраќање на пораки како јужнокорејската KakaoTalk, што е многу популарна во земјата и има 37 милиони корисници.

Viber има над 360 милиони корисници во 193 земји и работи на различни мобилни платформи, вклучувајќи Windows Phone, BlackBerry и Symbian. Компанијата беше купена од јапонската Rakuten минатата година за 900 милиони долари.

 

 

Оцени ја веста

24.02.2015 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега