Грција достави до ЕК список со реформски зафати

Европската комисија потврди дека добиле од Грција список со реформи неопходни за продолжување на програмата за макрофинансиска помош за Атина. Тоа го соопшти прес службата на ЕК.

- Списокот е добиен ноќеска, нагласува прес службата. Сега експерти од ЕК и еврогрупата ќе направат првична оценка за тој список неопходен за ефектно продолжување на програмата.

- Конечната реакција, согласност и одобрување на грчките реформи треба да завршат во крајот на април, наведе дипломатски извор за Тасс.

Министрите за финансии од еврозоната во петокот одлучија да биде продолжена за четири месеци втората програма за кредитна поддршка од ЕУ, која завршува на 28 февруари. Планирано е Грција да склучи со европските партнери нов договор за финансирање.

 

 

Оцени ја веста

24.02.2015 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега