Проценител од Прилеп оштетил фирма за 185.000 денари

Прилепската полиција поднесе кривична пријава против 52-годишниот П.Р. од Прилеп, овластен проценител за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во текот на февруари 2014 година е поведена постапка за спроведување стечајна постапка на фирма од с.Десово, при што пријавениот бил одреден да изврши проценка на имотот на фирмата.

По ова, пријавениот изготвил писмен извештај за проценка на две дробилки за мелење хартија, лажно прикажувајќи дека истите се оштетени, односно вредоста им е многу помала од реалната. Потоа, дробилките биле продадени на приватно лице, а пријавениот и нанел штета на фирмата од 185.000 денари.

 

 

Оцени ја веста

24.02.2015 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега