Албанија ќе се запознае со туристичките капацитети на Охрид и Струга

Во организација на Канцеларијата на „Инвестирајте во Македонија“ во Амбасадата на Македонија во Тирана, ќе се одржи дводневна тура во Охрид и Струга за туроператори од Албанија, во соработка со Хотелската асоцијација-ХОТАМ и со локалните власти од Струга.

Туроператорите и претставници на медиумите ќе имаат можност да  ги запознаат најпопуларните дестинации и понуди, културно-историски вредности и кулинарски специјалитети на Охрид и Струга.  Се очекува турата да помогне за промоција на туризмот - богатата и разновидна култура и традиција и природата во овој  регион.

Учесниците ќе присуствуваат и на традиционалната манифестација „Ден на Охридското Езеро“, што се одржува секоја година на 21 јуни во македонските општини Охрид, Струга и во албанската Поградец.

Турата е дел од активностите кои Канцеларијата на владината агенција „Инвестирајте во Македонија“ за Албанија и Косово ги организира за промоција на туризмот.