Загина 22-годишно момче - детали за трагедијата во Лисиче

22-годишниот Александар Ѓ. управувајќи со автомобил Југо го загуби животот вчера попладне во трагична сообраќајка во скопско. До трагедијата дошло во 17 часот и 44 минути на локалниот пат село Долно Лисиче – село Горно Лисиче, откако југо со скопски регистарски таблички управувано од сега починатиот, излетало од коловозот и завршило во дрво.

Несреќата се случила во близина на приватната фирма „Феником“ во атарот на село Горно Лисиче, а за жал младото момче веднаш им подлегнало на повредите.

 

 

Оцени ја веста

25.02.2015 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега