Краделе па со парите си купувале дрога - фатени крадци од Кисела Вода

25-годишниот Х.Е. и три години помладиот А.Год Скопје си заработија кривична пријава за тешки кражби. Младите момчиња краделе на подрачјето на Кисела Вода.

Првото кривично дело го извршиле во вечерните часови, откако дошле до станот кој се наоѓа на приземјето од зградата и откако се увериле дека нема да бидат забележани од никого, се прекачиле на балконот од кујната и со употреба на физичка сила и штрафцигер делувале помеѓу крилото и рамот на балконската ПВЦ врата од кујната при што истата ја отвориле и преку истата влегле во станот, додека второто кривично дело го извршиле на тој начин  што  дошле до станот  на приземјето од зградата и откако се увериле дека нема да бидат забележани од никого, со употреба на физичка сила и погоден алат делувале на цилиндерот, го скршиле  а потоа  делувале  на бравата од влезната  врата истата ја отвориле и  влегле во станот. По пребарувањето земале еден пиштол марка “Црвена Застава М70“ калибар 7,65 мм, пари, разновиден златен накит, златни пари, плазма - ЛЦД телевизор, мобилни телефони,  машки и женски рачни часовници, каса пластична полна со ситни пари, таблет  и други предмети  со што се стекнале со околу 522.000 денари.

 

По извршувањето на кривичните дела двајцата се упатувале во  нивните домови каде што украдените пари и предмети ги делеле помеѓу себе а  наредниот ден ги продале на непознато лице, а парите потоа ги трошеле за опојни дроги.

       Првопријавениот Х.Е. е познат извршител на кривични дела од областа на имотните деликти за што од страна на СВР Скопје  во периодот од 2006 до 2014 година  поднесени  му се 11 кривични пријави, додека пак на А.Г. во 2012 година му е  поднесена една кривична пријава.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

25.02.2015 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега