Девојка виновна за престрелката во Бутел - полицијата трага по злосторникот во црвен автомобил
Сеуште е во бегство скопјанецот кој вчера во Бутел пукаше во 28 годишниот О.И. Според најновите информации, двајцата скопјани се скарале за девојка.
Како што веќе објавивме, вчера околу 19.40 часот, кај бараките на старото седиште на Општина Бутел, настанала расправија меѓу помеѓу 26-годишниот Ј.Р. и 28 годишниот О.И. Во еден момент Ј.Р. извадил пиштол и го застрелал својот противник во десното колено.
О.И. бил пренесен во градската општа болница „Свети Наум Охридски“.
Од СВР СКопје информираат дека трагаат по Ј.Р. кој се дал во бегство со црвен автомобил.