Тетовчанец направил хаос - крадел што му дојде при рака

Ј.А. од Тетово е осомничен како сторител на 11 тешки кражби извршени во декември лани и првите два месеци од годинава во аптеки, колонијални продавници, маркети, кафетерии, киосци и други објекти во Тетово, информираше денеска портпаролот на Секторот за внатрешни работи Тетово Марјан Јосифовски.

Против него полицијата изготвила и поднела соодветна кривична пријава.

24- годишниот тетовец се сомничи дека во овој период, најпрво со тврди предмети, бекатон плочки или друго, ги кршел изложните стакла на објектите и низ направените отвори влегувал внатре и претежно одземал пари, цигари и друг вид производи причинувајќи вкупна материјална штета во износ од 277 илјади денари.

Осомничениот и претходно повеќе пати бил вклучен во вакви кривични дела.

 

 

 

Оцени ја веста

25.02.2015 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега