Направете познат турски десерт

 

Состојки:

  • 5dl ладно млеко
  • 40g кокосово брашно
  • 60g брашно
  • 80g шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажица путер
  • Сечкани ф’стаци, бадеми или лешници за декорација

Подготовка:

Во тенџере со средна големина ставете го млекото, па додајте го кокосот, шеќерот, ванилиниот шеќер и полека истурајте го брашното. Мешајте постојано со дрвена лажица.

Смесата оставете ја да зоврие, но со постојано мешање. На крај додадете го путерот и почекајте да се растопи.

Тргнете од шпорет и додека десертот е уште жежок претурете го во огноотпорни мали садови.

Секој сад покријте го со пластична фолија и оставете го да се олади во фрижидер.

Истурете малку сечкани ф’стаци, бадеми, лешници или збогатете го вкусот со уште малку кокосово брашно.

Извор: Попара 

 

 

Оцени ја веста

25.02.2015 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега