Македонските компании претставени пред повеќе од 20 земји

 

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот во соработка со стопанските комори организираше он-лајн промоција на домашни компании од прехранбената индустрија пред повеќе од 30 промотори во светот.

Како што соопшти Агенцијата, компаниите што се пријавиле за учество специфицирале кои пазари за нив се приоритетни.

- Овие средби се многу корисни за нас бидејќи во друг случај би било претешко од организациски и финансиски аспект да се постигне оваа цел. Очекувам промоторите да добијат подлога и да имаат повеќе информации со кои ќе ја претстават компанијата во земјите во кои делуваат, изјави Драги Поп Стојанов, споственик на компанијата Агрофруктус од Струмица.

Според Агенцијата, за успешно реализирање на видео средбите, одделно се таргетираат поедниечни сектори како можност за освојување нови пазари.

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија ќе продолжи на кваратално ниво да одржува средби од ваков вид и ги поканува сите заинтересирани компании да учествуваат во проектот со цел изнаоѓање нови пазари. 

 

 

 

Оцени ја веста

26.02.2015 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега