Бесплатни влезници за Саемот за градежништво во канцеларијата „Купи куќа, купи стан“
Сите заинтересирани граѓани кои ќе ја посетат отворената канцеларија на “Купи куќа, купи стан“во Министерството за финансии ќе добијат бесплатни влезници за Саемот на градежништво кој ќе се одржи од трети до седми март на Скопски саем.
Единствено само за време на саемските денови граѓаните ќе можат да добијат попусти на станови и до 10 проценти, кои во зависност од вредноста и големината на станот можат да достигнат и до седум илјади евра.
Министерството за финансии со проектот “Купи куќа, купи стан“ е партнер на овогодинешниот “Саем за градежништво, градежни материјали и градежна механизација“.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа