Педофилски случај ја потресе Македонија - силувано 12-годишно девојче

Триесет и осум годишен маж сексуално злоставувал 12 годишно девојче. Прилепското обвинителство покрена истрага за полов напад врз дете а осомничениот педофил завршил во притвор, јавува Канал 5.

Според информациите од истрагата девојчето живеело во близина а прилепчанецот ја викал кај него дома, ја заклучувал и тука го вршел гнасниот чин. Ова се случувало повеке пати во летоска од јуни до август. Траумите на девојчето била откриени деновиве кога родителите пријавиле во полиција.

Според статистиката на МВР во привите 9 месеци од минатата имало 48 педофилски случаи во кои жртви биле 54 малолетни деца 42 девојчиња и 12 момчиња. Пријавените педофили сите биле мажи - најмладиот 17 години најстариот 73.  Најмногу педофилски слуачаи имало во Скопје 15, Струмица 6 и Тетово 4.

 

 

Оцени ја веста

26.02.2015 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега