Започна судењето на старецот што уби крадец

По две години, во Основниот суд Куманово вчера започна судењето против кратовецот што во својата куќа застрела двајца разбојници, од кој едниот го усмрти, а другиот рани, бидејќи го малтретирале и сакале да го ограбат, пренесува kumanovonews.

Љубомир Митев (75) од селото Којково ќе одговара за три кривични дела, убиство во миг, убиство во обид, и недозволено држење на оружје, затоа што на 27 февруари 2013 година го уби Зоран Злаков (28) од село Пантелеј, а го ранил Борчо Иванов (30) од село Поплаки, кои неколку часа ги измачувале со неговата сопруга за да им кажат каде ги кријат парите. Вчерашното рочиште не се одржа и се презакажа за 14 април, затоа што Љубомир не го примил обвинението и немал бранител, а не беше спроведен ни Иванов, кој одлежува казна затвор.

 

Повеќе на kumanovonews.

 

 

Оцени ја веста

26.02.2015 - 22:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега