Луди и пијани беснеат низ улиците на Крива Паланка

На територијата на општините Крива Паланка и Ранковце во текот на второто полугодие на 2014 година се случиле вкупно 24 сообраќани незгоди, а едно лице загинало, се наведува во информацијата за превземените мерки и активности во текот на изминатата година на Полициската станица од општа надлежност Крива Паланка која ги опфаќа овие две општини.

Од вкупниот број незгоди, една е со едно загинато лице, во 11 сообраќајни незгоди се повредени вкупно 15 учесници во сообраќајот, додека останатите 12 сообраќајни незгоди се само со материјална штета под 50 просечни плати во стопанството.

Според податоците во извештајот, 10 незгоди се случиле на улиците во градот и населбите, а 14 на отворен пат.

За управување под дејство на алкохол, без возачка дозвола, како и управување на технички неисправно или нерегистрирано возило биле исклучени 137 возачи и 55 возила, а алкотест бил употребен во 1.038 случаи, додека времено се одземени 75 возачки дозволи, се наведува во информацијата за превземените мерки и активности во текот на изминатата година на Полициската станица Крива Паланка.

 

 

Оцени ја веста

28.02.2015 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега