Ги навредувал и туркал - пијан малолетник нападнал полицајци во Свети Николе

Седумнаесет годишниот Н.И. од Свети Николе синоќа откако се опијанил се доближил до полициски службеници кои вршеле позорна служба и почнал да ги навредува и да ги турка.

-По издадените наредби да престане со таквото однесување и да се одалечи од нив Н.И. се оглушил на наредбите и ги повторно ги турнал полициските службеници. При обидот да го приведат Н.И. пружал активен отпор удирајќи ги со нозете, информираат од полицијата.

 Истиот е приведен и во присуство на неговата мајка е алкотестиран, при што е констатирано присуство на алкохол од 1,58 промили.

 По целосно расчистување и документирање на настанот против Н.И. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

Оцени ја веста

28.02.2015 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега