Навивачката група „Шверцери“ се судри со полицијата

Викендов започна пролетниот дел од сезоната во домашното првенство, а вчера на програмата беа натпреварите од Втората македонска фудбалска лига.

Прво коло и веднаш инцидент. Имено, по завршувањето на мечот помеѓу екипите на Скопје и Шкупи, одигран на стадионот „Железарница“ во Автокоманда, навивачите на гостинскиот тим, популарните „Шверцери“ нападнале помала група на домашни навивачи, поради што морала да интервенира полицијата.

При обидот за приведување на навивачот Џ.В. од „Шверцери“ од страна на полицијата, полицискиот службеник бил попречуван од друг навивач А.С.

Сепак, припадниците на МВР се справиле со ситуацијата и спречиле поголем инцидент, а по целосно расчистување на случајот најавуваат поднесување на соодветни пријави.

Инаку, натпреварот помеѓу Скопје и Шкупи заврши без победник 1:1.

 

 

Оцени ја веста

01.03.2015 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега