Експерти: Раздолжувањето кон ММФ е одлична вест

 

Што ќе значи за економија предвреме отплатениот долг кон ММФ?

Во оваа и во следните две години доспеваат поголема сума на кредити спрема странските кредитори кои што Македонија ги има земено во изминатите години, што значи дка доаѓаме во фаза кога тие кредити треба да се отплатуваат и сега ако буџетките можости, девизните резерви и пресметките кои што се прават го дозволуваат тоа тогаш благоријатно е, дел од тие кредити барем да се вратат и порано затоа што ќе може да има и соодветни ефекти. Добивме информација вчера од МФ дека отплатата на 173 милиони долари, значи предвремена отпата на кредитот за претпазливост создава позитивни ефекти за државниот буџет и за девизните резерви врз основа на камати и курсни разлики, некаде околку 5 милиони долари што не е за занемарување. Понатаму ефектот би бил дека за соодветен процент ќе се намали, беше речено дека за 1,7 процентни поени ќе се намали јавниот долг и соответно државниот долг на државата што исто така е благопријатно дејство врз целината на задолженоста на земјава.

Кои се продолжените ефекти на предвременото раздолжување?

Има и продолжени ефекти на предвремено раздолжување, прво ММФ сметам дека ќе има добар позитивен пристап затоа што тие вообичаено го следат движењето на девизните резерви и наплатно -билансната состојба на конретната држава , потоа имаат стално во предвид и тогаш кога одобруваат некаквии аранжмани, каква е билансната состојба и динамиката на девизните резерви. понатаму позитивно влијание би можело да има врз странските инвеститори кои нормално врз осснова на ваква една одлука сите би размислувале попозитивно во поглед на одлчувањето дали ќе ги реализираат своите планирани инвестиции во Р. М или не. Во овој случај има би требало всушност да има позитивно дејство врз рејтингот на државата , кредитниот рејтинг на државата што ќе го регистрират водечките меѓународни рејтинг агенции, веќе чувме дек ФИЧ една од водечките рејтин агенции ни го задржа стабилниот рејтинг ББ +, така да верувам дддека после ова тие ќе го задржат овој рејтинг и кој знае дај боже може ќе ги зголематж, а тоа е признание за макроеконоската стабилност и политика на Р. М

Ова не е прв пат Македонија предвреме да се раздолжи?

Да, во 2007 година имавме предвреме рааздолжувањеа спрема странките кредитори , некаде тогаш беше споменувана цифра од 300 милиони евра штово голема мера го намали јавниот долг и држаавниот долг на државата и создаде подлога за идно задолжување особено во време кога имаше силно дејствие на светската економска криза и како беа потреби странски свеежи средства за средување на состојбата на и за финаансираањр на б дефици.

 

 

Оцени ја веста

01.03.2015 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега