Пронашол граната од Втора светска војна на брегот на Пчиња

На 28.02.2015 година во 15,35 часот во СВР-Куманово, М.П.(44) од с.Срезовце, кумановско, пријавил дека истиот ден околу 15,30 часот покрај брегот на реката „Пчиња“ во атарот на с.Стрезовце, забележал граната.

Од страна на екипа од СВР-Куманово бил извршен увид на местото на настанот, а од страна на пиротехничар од ДСЗ-Куманово било констатирано дека се работи за корозирана топовска граната кал.75мм, без запалка, која потекнува од Втората светска војна. Артилериската граната е преземена од пиротехничарот од ДЗС.

 

 

Оцени ја веста

01.03.2015 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега