Саем за градежништво и недвижнини од утре на Скопски саем
Над 300 компании во три саемски хали од утре до 7 март ќе се претстават на 12. Меѓународен саем за градежништво, градежни материјали и градежна механизација. Во рамките на саемот во Метрополис Арената по петти пат ќе се одржи и Саемот за недвижности и инвестиции RealExpo. Партнер на саемот е Министерството за финансии со проектот „Купи куќа, купи стан“.
На саемот ќе се нудат и продаваат производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и опремување објекти. Се очекува саемот да го привлече вниманието на експерти од областа на градежната индустрија кои ќе дискутираат и склучуваат зделки во кои ќе ги вклучуваат и новите трендови во градежништвото.
Во делот на програмските активности секојдневно ќе се одржуваат стручни програмски активности на теми за енергетска ефикасност и фасадни системи и еко иновативни материјали, како и предавање на тема „Концепти и проекти во архитектурата“.
На посетителите ќе им бидат понудени над 3.000 станови, а на Real Expo ќе учествуваат голем број градежни компании кои ќе понудат станови со попуст и до неколку илјади евра и ќе важат само за саемските денови.
За посетителите и оваа година ќе биде организирана наградната игра „Награда за надоградба“, со која на најсреќните посетители ќе се доделат вредносни ваучери од 700, 500 и 300 евра во денарска противредност, кои ќе можат да ги искористат за производи од програмата на изложувачите на Саемот на градежништво 2015.
Од Скопски саем очекуваат годишното издание на саемите за градежништво и за недвижности да надмине 15.000 посетител.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа