88.000 евра отштета за семејството на Марјан Тушевски - продолжува судењето за „Ровер“

 Претставникот на семејството на Тушевски, побара отштета од 5,4 милиони денари, или 87.600 евра за душевната болка, сресот и стравот кои ги претрпеле ќерката и таткото на Марјан Тушевски.

Денеска, во Основен суд Скопје 1 продолжи судењето за двојното убиство на Марјан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година. За убиството се обвинети 15 лица, а меѓу нив и екс министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски/

Денеска одбраната даде завршен збор. Адвокатот Гоце Штериевски, кој ги застапува четворицата првообвинети странски дражавјани, Предраг Чубрило, Вук Вукичевиќ, Милорад Ковачевиќ и Милан Илиќ, истакна дека нема докази дека обвинетите српски джавјани се извршители на убиството. 

 - Не може двојно убиство да се докажува врз основа на вербални докази, односно сведоштва и искази на сведоци кои немаат кредибилитет, а еден од нив е обвинет во самата постапка, истакна Штериевски, додавајќи дека обвинителството не ја докажало ниту поврзаноста на пиштолот Црвена Застава М57 со четворицата обвинети. 

 - Од дадените искази не се ни докажа колку лица биле на лице место. Според обвинителството биле тројца, според сведоците двајца, но идентиетот никој не им го видел. Идентитетот не се утврдува кога имаме маскирани лица и како ќ докажете дека тие маскирани лица се четворицата обвинети, праша Штериевски.

Тој побара од судот да ги ослободи од обвинение Предраг Чубрило, Вук Вукичевиќ, Милорад Ковачевиќ и Милан Илиќ, кои според обвинението се директни извршители на двојното убиство. Ним судот им суди во отсуство.

 Претставникот на семејството на Тушевски, пак, побара отштета од 5,4 милиони денари за душевната болка, сресот и стравот кои ги претрпеле ќерката и таткото на Марјан Тушевски.

ИЗвор: Плусинфо

најчитано сега