И плинот не е тоа што беше - од денеска поскапување од 2-3 денари

 

Плинот се продава по нова, повисока цена на бензинските пумпи низ Македонија. 

Трговците за економски.мк изјавиле дека зголемувањето на цената за 2-3 денари е резултат на зголемената побарувачка поради честите и подолги патувања за време на летниот период. На светските берзи, пак, цената на суровата нафта и течниот гас се во пад.

Инаку, Регулаторната комисија за енергетика не влијае на цената на плинот, односно неа ја регулираат продавачите во Македонија, во согласност со пазарните движења, односно регулаторната комисија за енергетика не влијае на неа.

Во вторникот Регулаторната комисија донесе одлука за намалување на цената на горивата за еден денар по литар.

најчитано сега