Притвор за уредникот на Охрид Скај - Деносовски му се заканувал на охридскиот градоначалник

 

Истражен судија му изрече осум дена притвор на уредникот на порталот Охрид Скај, Сашо Деносовски, откако против него беше поднесена кривична пријава за заплашување и загрозување на безбедноста на охридскиот градоначалник, Никола Бакрачевски.

Според информациите на МВР, на 17. јуни годинава, Деносовски, преку возачот вработен во општината, упатил закани и навреди до Бакрачески. Уредникот на Охрид Скај барал и потврда дека градоначалникот ги добил неговите закани. 

Минатата недела, пак, Деносовски барал вакви услуги и од друг вработен во Општината, пред кого исто така се заканувал по животот на Бакрачески.

Пред три месеци, Денесовски заработи кривична пријава и за обид за физичка пресметка со директорот на комуналното претпријатие Сашо Алчев.

најчитано сега