Предвременото раздолжување покажува дека Македонија има стабилна макроекономска ситуација

 

Македонија предвреме го исплати долгот што го имаше кон ММФ, за тоа добивме и позитивни оценки од првиот човек на ММФ, Кристин Лагард. Премиерот Никола Груевски денеска истакна дека ова не е прв пат Македонија предвреме да се раздолжува.

Премиерот посочи дека и во 2007 и 2008 година имало сериозен исчекор во предвременото раздолжување, но како што кажа тогаш биле доста критикувани од страна на опозицијата кои за разлика од тогаш сега молчи и не критикува.

-Сега повторно го правиме тој чекор и можам да кажам дека со ова раздолжување долгот на државата е сведен на 34,9 % од БДП што е еден од најниските државни долгови во Европа. Раздолжувањето беше за 174 милиони долари  со што во целост се заврши таа обврска што ја имавме кон ММФ и дополнително денеска Министерството за финансии  се раздолжи и кон приватните банки во Р. Македонија за дополнимтелни 25 милиони евра претходно земени средства преку државни записи кои што ги издава државата така што тоа се дополнителни пари кои што банките ќе треба сега да ги пласираат некаде, истакна Груевски.

За тоа дали банките ќе ги чуваат овие средства или ќе бараат пласман од кој што ќе имаат и камата, премиерот посочи дека тоа е нивна работа, меѓутоа тие средства ќе значат дополнително олабавување и ослободување на средства во домашната економија.

 Тоа најмногу говори дали во моментов Македонија има стабилна макроекономска ситуација, дали има стабилна состојба со Буџетот и дали имаме или немаме било какви проблеми. Кога предвремено се раздолжувате, кога враќате долгови, а не зимате одредени нови срдства тоа е најдобар одговор на се, потенцираше Груевски.

 

 

Оцени ја веста

04.03.2015 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега