Илинден магнет за нови инвестиции - Мултишпед отвора нов објект

 

Интензивните инвестиции и вложувања во локалниот економски развој како и промовирање на потенцијалните можности за инвестирање во општината, даваат позитивен импулс за влез на нови инвеститори и отворање на нови слободни работни места.

Токму во таа насока, денес во употреба се пушти новиот објект на компанијата Мултишпед во општина Илинден.

На површина од 1000 метри квадратни се простира новиот царински склад на компанијата Мултишпед, која се занимава со транспорт и логистика, поседува складишни простории како и нуди дистрибиција на разни стоки и услуги.

Вкупната инвестиција на компанијата е 500.000 евра, со која ќе се овозможат 15 стартни вработувања, кои ќе се зголемуваат во наредниот период.

Со отворањето на новиот стопански објект на Мултишпед се продолжува инвестицискиот циклус во општината и се зголемува со нов член бизнис семејството на општина Илинден.

 

 

Оцени ја веста

04.03.2015 - 17:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега