Македонија лидер во борбата против трговија со луѓе

Според извештајот на американскиот Стејт Департмент, Македонија го задржа статусот на Прво ниво во борбата против трговијата со луѓе.

-Соединетите Држави и честитаат на Македонија што повторно има статус на Прво ниво во годишниот извештај на Стејт Департментот за Трговија со луѓе. Ова највисоко рангирање покажува каква заложба Владата на Република Македонија има во борбата против овој ужасен криминал, со што се истакнува во однос на другите земји во регионот, стои во соопштението од американската Амбасада во Македонија.
 
Од Амбасадата велат дека рангирањето на Македонија на Прво ниво, е резултат на законите и процедури кои целосно и правилно се спроведуваат. 
 
САД, стои во соопштението, се задоволни што Македонија е нивни партнер во кампањата за спречување на трговијата со луѓе и се надеваат на понатамошна соработка за ова и други прашања.

најчитано сега