Аплицирајте за грантови од 3000 евра и отпочнете сопствен бизнис

 

Со владиниот проект за сосптвен бизнис досега се отворени 5100 работни места. Над 80% од фирмите успеале да го прошират бизнисот и да вработат нови лица. 

Владата ги повика сите млади лица кои имаат идеи за отпочнување на сопствен бизнис да аплицираат за грантови кои изнесуваат и до 3000 евра. 

Конкурсот е веќе објавен, трае до 10-ти март. За да се стимулираат ќе добијат и дополнителни 250 евра за бизнис планот и совети кои треба да им помогнат да станат успешни бизнисмени.

„Станува збор за сериозни износи за околу 214 милиони денари што ќе се доделат или околу 3,5 милиони евра. Сите невработени лица кои имаат некаква бизнис идеја разработена во главата, да аплицираат на јавниот повик. Предност ќе имаат оние кои ќе имаат најдобар бизнис план кој укажува дека фирмата ќе има побрз раст“, посочи премиерот Никола Груевски.

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 17:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега