Зеев лажно обвинува, СДСМ ги призна избирачкиот список и изборните резултати

Лидерот на СДСМ повторно со лажни обвинувања сака да го замајува народот. Македонските граѓани помнат како поминаа изборните циклуси и дека сопартијците на Заев јавно ги признаа и изборните резултати и регуларноста на избирачкиот список.

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски самиот учествуваше во прочистување на изборниот список. Овој соработник на Заев и Шекеринска пред јавноста потврди дека избирачкиот список е прочистен и во него нема нерегуларности.

 СДСМ преку Манчевски го признава прочистувањето на избирачкиот список согласно нивните барања, при што им биле прифатени сите забелешки. Нивните претставници во ДИК посочија дека немаат дополнителни забелешки.

-Ние настојуваме на нашите заложби за фер и демократски избори кои ќе се одвиваат според правилата и препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Можеме да заклучиме дека Избирачкиот список е прочистен, рече тогаш Дамјан Манчевски, претставник на СДСМ.

Паѓаат во вода тврдењата кои Заев ги изнесе денес јавно од партиската говорница. Освен прочистениот изборен список, СДСМ во неколку наврати го призна и поразот на изборите. Граѓаните со години по ред не и даваат поддршка на опозициската партија, а тоа е кристално јасно на нејзините челници.

Поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски го призна изборниот пораз, кога со огромна разлика партијата на Груевски го победи СДСМ. Освен што го признаа поразот, сопартијците на Заев почнаа да ги бараат грешките во сопствените редови. Така, си кажуваа дека направиле лоша калкулација кога коалицираа со некогашниот најголем противник на Црвенковски, Љубчо Георгиевски.

Радмила Шекеринска по изборите призна дека тоа било грешка, а политиките на Георгиевски ги нарече погрешни.

-За погрешните политики на Георгиевски јас и денес го имам истото мислење кое го имав пред 10 години, рече актуелната заменик-претседателка на СДСМ.

Заев беше тој кој ја раскина соработката со лидерот на ВМРО-Народна партија. Двајцата лидери и соопштија на јавноста дека ја растураат коалицијата бидејќи „станува збор за партии со различни програмски платформи, коишто се обраќаат на граѓани со различна идеолошка определба“.

За аналитичарите, коалицијата на СДСМ и ВМРО-НП беше катастрофална грешка. По поразот на овие избори, тогашниот лидер на СДСМ, Црвенковски, призна дека не добил поддршка од јавноста, а потоа се повлече од функција.

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 21:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега