Трагедија ја потресе Србија: Малолетничка загина бегајќи со момчето од својот татко
Трагична несреќа ја потресе јавноста во Србија откако 14-годишно девојче загина бегајќи од својот татко со своето момче.
Се работи за малолетната Марија М. од Србија која заедно со момчето во кое била заљубена обидувајќи се да побегнат од нејзиниот татко паднале со мотор, при што таа загинала.
Моторот одел пребрзо и Марко изгубил контрола, бидејќи автомобилот пежо на таткото цело време одел по нив сакајќи да ги запре, вклучувајќи наизменично кратки и долги светла.
Девојчето за разлика од Марко, немало кацига и им подлегнало на повредите.