Училиште во Скопје остана без 55 компјутери

Крадци за време на викендот го ограбиле основното училиште „Дрита“ од скопското село Рашче.

Крадците кражбата ја извршиле на тој начин што насилно влегле во училиштето и без да бидат забележани од никој во селото, успеале да украдат 55 компјутери.

Полицијата работи на расчистување на случајот.