Македонија атрактивна за канадските инвеститори

 

Канадски компании ги разгледуваат можностите за правење бизнис во Македонија, објави МРТ.

Во соработка со „Македонија 2025“, организација во која членуваат видни бизнисмени со македонско потекло, ќе се зајакнуваат економските врски со Канада, ќе создава простор за зголемен извоз на македонските компании на канадскиот пазар, ќе се привлекуваат канадски инвеститори, особено од агросекторот, ИТ секторот, аутсорсингот.

-Ние пред четири години донесовме одлука да инвестираме во Македонија, односно во Скопје. Почнавме како мал бизнис, но многу брзо се развиваме. Ние обезбедуваме консултански услуги за ит компаниите од канада и од САД. Сега веќе имаме 150 вработени и продолжуваме да растеме и да се развиваме, вели инвеститорот Крис Павловски.

 

 

Оцени ја веста

09.03.2015 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега