Задушница - спомен за починатите

 

Според верувањата на народот, задушница е ден кога душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење.

Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците порзани со Духовден, кој се одбележува утре, се официјално признати од црквата

Според календарот на МПЦ денеска е и Св. великомаченик Теодор Стратилат.

Свети Теодор Стратилат пострада во 319 година. Во тоа време тој беше началник на војската и на градот Ираклија. Црквата го слави посебно на 8 февруари (по стар календар), а денес го празнува пренесувањето на неговите мошти од Ираклија во неговиот роден град Евхаита, што е направено според завештанието, што свети Теодор му го даде на својот слуга Вар, непосредно пред неговиот маченички крај.

ФОТО: Мојпортал.мк

најчитано сега