Платите за администрацијата зголемени за 27% - ќе се зголемат за уште 21,5%

 

Во периодот 2006-2014 година, Владата предводена од Никола Груевски изврши зголемување на платите на вработените во администрацијата за повеќе од 27%. Станува збор за покачување на платите кое се случуваше во неколку наврати изминатите години а последното покачување беше во октомври 2014 година кога последен пат се покачи платата за 4%.

Со овие покачувања од повеќе од 27%, вработените во администрацијата добија покачување на платите кое се немаше случено во претходниот период.

Дополнително, со досегашното зголемување на платите, за следниот четиригодишен период Владата со својата програма има дефинирано дополнително зголемување на платите во јавниот сектор за вкупно 21,5%, односно секоја година во октомври вработените во администрацијата да земаат плата покачена за по 5%.

Со оваа програмска мерка Владата уште еднаш го потврдува својот посветен пристап за подобрување на животниот стандард на вработените во администарцијата и секако зголемување на нивната мотивираност за попрофесионално извршување на работите. 

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега