Му го зел бастунот и го претепал - пијан кратовчанец претепа старец
Вчера околу 16 часот во селото Сакулица во кратовско старец бил претепан од страна на средовечен маж.
Пред продавницата на 43-годишниот И.М. кој бил под дејство на алкохол, при распаравија со 78-годишниот С.И. му го зел бастунот и го удрил неколку пати во пределот на телото, при што му нанел тешка телесна повреда на десната рака.
Старецот бил веднаш хоспитализиран.
Полицијата работи на случајот.