Ивановски „лови" инвеститори од Естонија

 

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, од 11 до 13 март, беше во посета на Естонија, каде што учествуваше на бизнис форум во организација на естонската Стопанска комора.

Ивановски одржа презентација пред информатички компании од Естонија, на која ги претстави потенцијалните можности за инвестирање во Република Македонија, ставајќи акцент на ИТ секторот.

Како што соопшти МИОА, меѓу темите кои привлекоа најголем интерес беше воспоставениот електронски систем за јавни набавки на Република Македонија.

Министерот Ивановски посети и десетина најголеми естонски компании, кои работат во областа на информатичко-комуникациската технологија. Активностите се во рамките на владините роуд шоу активности за привлекување на странски инвестиции. 

 

 

Оцени ја веста

13.03.2015 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега