„Врие" од туристи во Македонија
Бројот на туристите во јануари годинава во однос на претходниот месец е зголемен за 1,2 отсто, а во однос на јануари 2014 за 6,4 проценти. Раст од 1,2, односно 0,7 проценти во истите споредбени периоди бележи и бројот на ноќевањата. Ова го говорат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на туристите во јануари 2015 година изнесувал 32.806, а бројот на ноќевањата 65.472. Бројот на домашни туристи во јануари 2015 година во однос на претходниот месец е зголемен за 15,2 отсто, а кај странските намален за 7,5 проценти. Бројот на ноќевања кај домашните туристи е зголемен за 9,3 отсто, а кај странските бележи намалување за 4,8 отсто, додека бројот на домашните туристи во однос на јануари 2014 година е намален за еден отсто, а на странските е зголемен за 12,9 проценти. Бројот на ноќевањата, пак, на домашните туристи е намален за 11,3 отсто, а на странските е зголемен за 13,9 проценти, говорат податоците на Статистика.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа