Почнува изградбата на магистралниот гасовод од Клечовце до Штип

 

Руската компанија „Стројтрансгас“ денеска ќе ја почне изградбата на магистралниот гасовод делница Клечовце - Блок станица 5, како дел од проектот за изградба на Националниот гасоводен систем во Македонија, соопшти Акционерското друштво за вршење енергетски дејности „Македонски енергетски ресурси“.

Церемонијата за почеток на работите ќе се одржи во реонот на кумановското село Клечовце, во непосредна близина на регионалниот пат Куманово - Свети Николе. Од гасоводот Клечовце - Неготино кој е планиран во должина од 96,6 километри, „Стројтрансгас“ треба да изгради 61 километар до јуни следната година.

Вредноста на проектот изнесува 75,7 милиони долари, од  кои 60 милиони произлегуваат од подмирувањето на клириншкиот долг. 

Трасата на новиот гасовод од Клечовце, според  проектот, треба да биде приклучок на постојниот гасовод Крива Паланка - Скопје. Оттаму ќе се движи  кон Свети Николе кое ќе биде заобиколено, каде е предвидено да има приклучно место за крак кон тој град и кон Велес. Понатаму гасоводот ќе поминува во близина на индустриската зона во Штип. За останатиот дел од трасата до Неготино и Кавадарци треба да се обезбедат дополнителни финансии. Освен Штип, со гасовод треба да бидат поврзани и Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово и Гостивар. Предвидено е гасоводот да се поврзе и со термоелектраната „Неготино" и  која од мазут ќе почне да функционира на гас.

Изградбата на националниот гасовод е прва фаза од проектот за гасификација на Македонија. Втора фаза е изградба на дистрибутивна мрежа која треба гасот да го однесе до општините, а нивниот избор е во тек.

 

 

Оцени ја веста

14.03.2015 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега