Тетовско: Албанец нападнат со секира додека си го напасувал добитокот

Вчера во 15 часот и 20 минути во Желино,тетовско, бил нападнат албански државјанин од страна на двајца жители на селото.

Се работи за 23-годишниот Албанец  Р.К. кој додека го напасувал добитокот дошле 36-годишниот Б.И. и 61-годишниот Р.И. по што настанала вербална расправија во која Р.И. со пиштол му се заканувал по животот, а Б.И. со дрвен предмет го удрил во пределот на десната  нога.

Физичката пресметка кулминирала кога Р.И. зел секира и со дрвениот дел го удрил Р.К. во пределот на вратот и левата нога, нанесувајќи му телесни повреди, а потоа двајцата насилници избегале од местото на настанот.

Полицијата трага по сторителите.