Нови 50 вработувања - стартува со работа фабриката на „Актива“ во Штип

 

Во штипската индустриска зона „Запад“ денеска ќе биде пуштена во употреба фабриката за заварени склопни елементи за шасии за автобуси „Актива“ Инвестицијата во првата фаза на фабриката изнесува 3 милиони евра и  првично 50 вработувања. 

Халата за автобуски шасии во новата фабрика „Актива“ е со површина од 8.000 метри квадратни, а целиот капацитет е на површина од 70.000 метри квадратни.

На официјалното отворање на фабриката е најавено обраќање на вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, претставници на инвеститорот и на локалната самоуправа.

Инаку, во фабриката ќе се произведуваат автобуски шасии за потребите на белгиската компанија „Ван Хол“, која има фабрика во ТИРЗ „Бунарџик“ во Скопје. 

 

 

Оцени ја веста

17.03.2015 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега