Нови инвестиции за нови вработувања приоритет на македонската Влада

 

Привлекувањето на странски дирекни инвестиции кои ќе отворат нови работни места останува приоритет за македонската Влада. Тоа го потврдуваат и најавите од обраќањето на премиерот Груевски на народниот собир во неделата. Премиерот Груевски најави шест нови странски инвфестиции кои вкупно ќе вработат 4 500 луѓе, пишува Лидер.

Каде и кои се компаниите што ќе инвестираат?

1. Американска инвестиција од автомобилската индустрија ќе инвестира 15 милиони евра во Тетово со 2.500 вработувања.

2. Неформално потврдена инвестиција во Василево, во капацитет за производство на материјали во рударство и градежништво.

3. Издадена концесија за проширување на рудникот „Саса“ во Македонска Каменица, нова инвестиција и дополнителни 200 вработувања.

4. Во Велес, инвестиција со 1.000 вработувања. Домашна банка склучи договор за продажба на халите на поранешна „Порцеланка“.

5. Германска компанија од автомобилската индустрија,донела одлука за инвестирање во Прилеп, каде ќе овозможи 250 вработувања главно високо образовани кадри, пред се инжинери и менаџери, кои ќе ги обучува во Германија.

6. Шестата нова инвестиција е германска компанија која ќе инвестира 30 милиони евра во зоната во Скопје и ќе отвори 500 нови работни места. Компанијата иако сеуште официјално не објавила, веќе има регистрирано фирма во Скопје, отворено канцеларија и првите административни вработувања се реализирани.

-Само овие шест ново најавени фабрики денес значат нови 4.500 нови работни места во Македонија, рече Груевски, порачувајќи дека носењето инвестиции и новите работни места се вистинската борба за државата.

Годинава се очекува инвестиции од 25 странски компании и 13 000 вработувања

-Во досегашниот период во Македонија, инвеститорите имаат отворено свои капацитети, над дестици и десетици нови фабрики, а само во странските капацитети се вработени над 11.000 работници и тој број секојдневно расте.Само во оваа година очекуваме уште нови 25 странски компании да донесат и објават одлука за градба на капацитети во Македонија, дел од нив и да почнат со градба и во истите тие капацитети кои планираат да ги отворат да се креираат нови над 13.000 работни места. Така ние се бориме за Македонија, рече Груевски.

Невработеноста и понатаму ќе се намалува

Во периодот од 2006 година досега стапката на невработеност која ја затекнале во висина од околу 38 проценти е намалена на 27,6 проценти. Во истиот период се отворени над 138.000 работни места, во странските и домашните капацитети, во приватниот и јавниот сектор, и преку активните мерки за вработување.

-Со три компании од оние кои неодамна јавно најавија инвестиција, во април ќе го потпишеме договорот по кој набрзо ќе ја почнат, а некои од нив завршат градбата, една германска и две италијански, Техникал текстаил во Штип со 600 вработувања кои ќе почнат од јуни кога и ќе се отвори фабриката, Монтанте во Скопје за производство на амортизери која ке вработи 400 луѓе и ќе почне со 100, и Диатек во Скопје со 200 вработувања за почеток, печатарска индустрија, истакна премиерот.

За два месеца ќе почнат градба на фабрики и веќе најавените КСС во Кичево, за 1.000 лица, кои веќе вработија 50, Гентерм во Прилеп каде ќе се вработат 2.000 лица, ОДВ електрик во Охрид Струга со 1.000. Во тој период ќе се потпише и договорот со Костал во истиот регион исто така со 1.000 вработувања.

-Покрај оние кои веќе објавија, има голем број кои не се објавени, а со кои сме во финална фаза на договор или веќе неофицијално ни потврдиле дека донеле конечна одлука за градба на нови фабрики во Македонија, наведе Груевски.

 

 

Оцени ја веста

17.03.2015 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега