Можностите за вработување пред граѓаните на Валандово и Радовиш
Во Валандово и во Радовиш денеска ќе бидат организирани Отворени денови со Агенцијата за вработување.
Целта на овие Отворени денови е подобро информирање на сите заинтересирани невработени лица и работодавачи за прашања поврзани со дејноста на Агенцијата за вработување на Република Македонија.
На двата настани е најавено присуството на директорот на Агенцијата Влатко Поповски.
Утре Отворени денови Агенцијата за вработување организира во Штип, а на 20 март во Охрид.
Оцени ја веста
17.03.2015 - 10:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа