Нова инвестиција во Прилеп - ќе донесе 250 вработувања

 

Министерот за странски инвестиции Бил Павлески и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески денеска ја најавија новата инвестиција на германската автомобилска компанија „Акомпласт“ вредна неколку милиони евра, која ќе отвори 250 нови вработувања.

Според Павлески, станува збор за фирма која се занимава со висока технологија.

- Германската автомобилска компанија „Акомпласт“ е специјализирана за пластично моделирање на автомобилски делови и користи напредна врвна технологија. Oсвен во Германија, има фабрики и во Англија и во Чешка. По нивните консултации, решија да инвестираат во Македонија зашто земјата нуди поволни можности за инвестирање, но и високостручен технички кадар, изјави Павлески.

Франк Михаелис, еден од менаџерите на германската компанија, информира дека „Акомпласт“ деновиве разгледува локации и погони во Прилеп. 

- Веќе ја формиравме новата фирма овде „Инџекшен молдинг Прилеп“ и сега бараме соодветен погон за нашите машини и опремата. За брзо време ќе избереме високостручен кадар од техничките науки кој ќе го пратиме на обука во Германија две до четири недели. Ќе донесеме машини за лиена пластика и вакумско нанесување и ќе го искористиме стручниот потенцијал на Прилеп, што е една од причините зошто инвестираме овде. Многу ни помага и поддршката од општината, рече Михаелис. 

Според најавите на германската компанија, производството ќе почне за најдоцна една година, а по испитувањето на пазарот оваа браунфилд инвестиција може да прерасне и во гринфилд.

 

 

Оцени ја веста

18.03.2015 - 16:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега